Ди Натале во чест на Тоти: Рома да го повлече дресот со број десет

Антонио Ди Натале во интервју за Газета Дела Спорт покажа дека премногу го респектира легендата на Рома, Франческо Тоти.

“Тој е добар пријател и исклучителен фудбалер. Го имам неговиот дрес и сум горд на тоа. Тоа е многу тежок дрес. Го носеше човек кој направи многу нешта. Во неговиот случај клубот ќе одлучи што со него, но јас не би го дал на никој фудбалер кога тој ќе престане да игра.” – изјавил капитенот на Удинезе.

Тоти во Рома е од далечната 1989 година како дел од младите фудбалери. За првиот тим заигра четири години покасно и од тогаш до ден денес не го изневери дресот на Рома. Пред неколку дена прослави 22 години од првиот погодок за “волчицата”.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e