Балотели: Ви беше добар Марио додека постигнуваше голови и играше за Италија … Нели?

Напаѓачот на Бреша, Марио Балотели, се огласи и енергично одговори на изјавите на еден од приврзаниците на Верона, кој тврди дека немало расистички напади на натпреварот меѓу двете екипи.

Натпреварот во Верона беше прекинат во 54-тата минута, кога Балотели го напушти теренот поради расистички манифестации од трибините и имитирање на звуци на мајмуните. 29-годишниот напаѓач се врати во игра откако на разглас беше прочитан протоколот на УЕФА, со кој најстрого се забрануваат расистичките испади.

Еден од поддржувачите на Верона, Лука Кастелини, рече дека поддржувачите на клубот имаат интегритет, познавање на културата и истакна дека тие никогаш не биле вклучени во какви било расистички или политички приказни. Тој исто така изјави дека Балотели е „кловн и само сакал внимание“. Сепак, Кастелини не застана тука.

„Балотели е Италијанец само затоа што има италијанско државјанство, но тој никогаш нема вистински и целосно да биде тоа“, заклучи Кастелини, и така уште еднаш влезе во спор со Балотели, кој потоа се огласи преку својот профил на Инстаграм.

Фудбалерот со потекло од Гана е роден во Сицилија, по што бил посвоен на тригодишна возраст и пораснал во италијанско семејство, со потекло од Бреша, каде што сè уште живее, иако таткото на Балотели неодамна почина. Поради оваа причина, тој реши да игра во клубот од овој град оваа сезона.

Во врска со ова, поранешниот напаѓач на Ница рече дека е срамно што одредени луѓе си дозволиле да коментираат теми што не ги разбираат, а без сомнение тоа се однесуваше на Кастелини.

„Разбудете се, имбецили, малоумни сте. Ви беше добар Марио додека постигнуваше голови и играше за Италија … Нели? “, сподели Балотели во свој стил.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e