(Видео) Анжелика Кербер е „новата кралица“ на Њујорк!

Анжелика Кербер со победа во финалето на Отвореното тениско првенство на САД ја потврди првата позиција на ВТА листата, на која ќе се најде од понеделник, благодарение на победата во последниот грен слем сезонава над Карлона Плишкова, забележана во три сета со 6:3, 4:6, 6:4.

Иако имаше криза во играта во вториот сет, како и на почетокот од третиот решавачки сет, Германката во клучните моменти покажа ладнокрвност и го реши мечот во своја полза.

Оваа победа на Кербер воедно значеше и реванш кон Плишкова за поразот на турнирот во Синсинати пред еден месец, кога чешката тенисерка славеше во два сета.

Иако има 28 години, ова е само втора грен слем титула за Кербер во нејзината кариера. Воедно, таа стана само втората тенисерка која на оваа возраст доаѓа до две грен слем титули, откако тоа претходно и успеа на Ли На од Кина.

Вечерва со почеток од 22 часот се игра машкото финале помеѓу Новак Ѓоковиќ и Станислал Вавринка.

Во продолжение погледнете го хајлајтот од финалето.

Извор Дерби

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e