Завршил на ВМА – Гаги Џогани брутално претепан

Гаги Џогани минатата недела бил подложен на операција на Воено-медицинската академија во Белград поради сериозни повреди на окото. Тој бил брутално претепан од група на млади луѓе на кои, наводно, им должел пари. – пишува српски Ало.рс.

– Гаги во последно време постојано позајмува пари, бидејќи нема ниту динар. Должен е на сите страни. Тој секој ден лаже дека ќе ги врати и така се врти во круг. На момците на кои им должел голема сума на пари им дошло “преку глава”, па одлучиле да го “превоспитаат” во намера дека ќе му дојде памет и ќе ги врати парите – вели извор близок на фронтменот на “Фанки Џи” и додава:

– Не очекуваше дека ќе биде тепан, и одлучи да се сретне со нив. Меѓутоа, кога неговите “пријатели” виделе дека Гаги и овој пат нема да го врати долгот, изнервирани почнале брутално да го тепаат. Покрај тоа што се здобил со сериозни повреди на окото, тој имаше модринки и гребнатини на целото тело – завршува изворот.

Неговата поранешна девојка Милена Микиќ, изјавила дека слушнала за инцидентот, и многу  била потресена, без разлика што таа била тепана од него.

– Од срце му посакувам брзо закрепнување. Можеби ова ќе го врати во нормален живот од оној што досега го живееше – вели Милена за Ало.рс.

За поврзани вести продолжете надолу

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e