Возачот на „маздата“, за кој се сомнева дека бил во алкохолизирана состојба кога ја направил сообраќајната несреќа во која погина Шабан Шаулиќ и неговиот долгогодишен пријател Мирсад Кериќ, се наоѓа во притвор. Една од тужбите за кои се обвинува е и тешко убиство во сообраќајка.
Според сознанијата на српски „БЛИЦ“, судијата во понеделникот попладне дал налог за апсење на овој 34-годишен маж, па затоа сега се наоѓа во притвор.
Германските медиуми пренесоа дека тужителството таму се обратило на човек стручен за вакви несреќи за побрзо да се разјаснат деталите за смрта на Шабан Шаулиќ и Мирсад Кериќ.
Интересно е дека “маздата” со која 34 годишниот маж управувал не е во негова сопственост, ниту тој има пријавено место на живеење во Германија, пренесува “Вестфален Блат”. Токму ангажираните експерти дека да утврдат на каков начин дошол до автомобилот со кој се удрил во задниот дел на “сеатот” во кој беа Шаулиќ и Кериќ.
Исто така, германската полиција ги повикува граѓаните кои биле на местото на несреќата да одат во полиција за да помогнат истрагата побрзо да се реши.