Вотсон за љубовниот живот: Среќна сум што сум сама

Актерката Ема Вотсон отсекогаш го држела својот приватен живот далеку од очите на јавноста и во интервјуата велела дека подобро би зборувала за својата работа и ангажманите.

Ѕвездата од Хари Потер која во април наполни 30 години за британскиот Vogue зборувала за притисокот и тешкотиите кои ги чувствувала поради фактот дека се наближува до триесетата, а нема постојан партнер, стабилна кариера, ниту дете.

„Се прашував зошто сите прават толкава узбуна околу триесетиот роденден? Тоа не е толку страшно… Тогаш наполнив 29 и беше како ‘ох боже, толку ми е тешко поради тоа’“, рекла актерката.

„Постојано чувствував тежина поради тие сублиминални пораки. Доколку не сте изградиле дом, не сте се омажиле и родиле дете или доколку до триесетата немате стабилна кариера, почнувате да се чувствувате лошо бидејќи мислите дека тоа е нешто што мора да се направи“, раскажала.

View this post on Instagram

❤️🌳🍁🦌

A post shared by Emma Watson (@emmawatson) on

Но, сега вели дека се откажала од тоа на прашањата да одговара дека е сингл.

„Ми требаше долго време да дојдам до сознанието дека сум среќна што сум сама. Би го нарекла тоа во врска со сама себе“, рекла Ема за Vogue.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e