(Видео) Романтичен спот за дуото Кени Чесни и Пинк!

Пинк, изминативе месеци работи на нови песни, но додека не пристигне новиот албум, постојат некои интересни проекти кои ги работи од страна.

Така, го слушнавме големиот хит „Just Like Fire“, кој беше снимен за продолжението на “Алиса во земјата на чудата”, а сега доаѓа уште едно изненадување.

Американска кантри ѕвезда Кени Чесни штотуку сними дует со Пинк за својот нов албум „Cosmic Hallelujah“. Албумот ќе биде издаден на 28 октомври, а за прв сингл најави дует со Пинк!

Тоа е песната „Setting the World on Fire“, која доби и романтичен спот снимен во Лос Анџелес.

Тие двајцата, всушност, не се појавуваат директно во спотот, и покрај тоа што ги гледаме на бројни билборди и реклами!

За поврзани вести продолжете надолу

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e