(ВИДЕО) Пајак со емотивно признание: Прв пат на море отидов на 16 години, немавме за летување во Грција

Младиот рапер Христијан Настески – Пајак повторно ја освои публиката. Овојпат не со музика, туку со искреноста што ретко се слуша на домашната сцена.

Во гостување во емисијата „Никој да не знае“, кај водителката Катерина Тодевска – Спасиќ, тој отворено проговори за своето детство, скромните почетоци и односот кон семејството.

Пајак откри дека, и покрај популарноста и заработката од музиката, никогаш не бил во Грција – дестинација што за многумина е речиси „задолжителна“. Неговото прво вистинско искуство со море било дури на 16 или 17 години, кога заминал во Албанија.

„Како може да не си бил во Грција?“, го праша водителката.

„Не сум бил. Па, сме немале можности. Мама, знам само еднаш, ме има однесено до Албанија Првпат на море сум бил на 16-17 години во животот, одговори Пајак.

Но, наместо лични задоволства, приоритетите му се јасно поставени. Како што самиот вели, најголемата желба му е да им овозможи на родителите одмор и мир, како мала благодарност за сè што направиле за него.

„Јас сум тука за нив за што и да им треба… Потрошиле многу време на нас и сакам малку да уживаат и тие. За пари не е проблем, сум ми давал и ќе им давам“, раскажа музичарот, додавајќи дека токму затоа секое лето ги испраќа на одмор, дури и неколкупати.

И покрај тоа, тој самиот ретко наоѓа време за пауза. Вели дека по завршувањето на новиот албум планира конечно да си дозволи одмор – нешто што досега секогаш го ставал на второ место.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e