(ВИДЕО) Оригинален спот и песна полна емоции – Наташа Беквалац ја посвети новата нумера на сопругот кој ја претепа

Наташа Беквалац пред неколку дена го промовираше видеото за темата „Мала плава“, која ја објави по една година пауза. Непосредно пред објавувањето на спотот, новосадската барбика на Инстаграм напиша дека има трема како никогаш во животот иако во музика се занимава веќе 18 години. Беквалац изрази јавна благодарност до сите соработници кои биле дел од проектот.

Инаку песната е посветена на семејното насилство и нејзиниот сопруг Лука Лазикиќ со кого се во бракоразводна постапка поради физичкиот напад  и малтретирање од негова страна. Како што наведува Нашата на својот Инстаграм профил, во моментот кога сакала со следачите да сподели нешто емотивно, се чувствувала како парализирана и ништо не излегувало од неа.

Фановите не штедеа позитивни коментари и пофални зборови за дивата која и овој пат стана доследна на својто оригинален стил по кој ја препознава цел Балкан.

Погледнете го видеото за „Плава мала“:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e