(ВИДЕО) Новата песна на Мајли Сајрус е најслушаната во светот

Новата песна на Мајли Сајрус, „Flowers“, во моментот е најслушана песна во Светот.

Песната е прегледана 53 милиони пати на „YouTube“ за шест дена, а „TikTok“ и „Instagram“ се преполни со видеа во кои жените ја споделуваат со свои содржини. Мајли ја објави песната на роденденот на нејзиниот поранешен сопруг, актерот Лиам Хемсворт, а текстот на песната му е посветен нему.

Всушност, како што забележаа фановите, текстот на песната е всушност одговор на песната „When I Was Your Man“ на Бруно Марс, која Лијам наводно ѝ ја посветил на Мајли додека биле заедно.

Во песната пејачката пее за љубовта кон себе што ја открила по разводот со бившиот сопруг.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e