(ВИДЕО) Ноле игра тенис со тава во домашна изолација

Српскиот тенисерски ас Новак Ѓоковиќ е во домашна изолација како и многу други спортисти ширум светот, поради пандемијата со COVID-19.

Познат по неговата компетитивност и неуморност, Ноле сподели со неговите обожаватели на социјалните мрежи дека натпреварувањето не завршува во вонредни услови.

Тој играше тенис на импровизиран терен во неговата дневна соба, а наместо ракет в раце зеде кујнска тава.

„Натпреварувањето уште трае“, напиша Ѓоковиќ на Instagram и Twitter каде објави видео од импровизираниот дуел со хаштаг #tennisathome (#ТенисПоДома).

Број еден тенисерот во светот предизвика бројни реакции со оваа објава, а многумина му напишаа дека ги насмеал до солзи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e