(ВИДЕО) Концерт на столетието – Лејди Гага ги собра ѕвездите за помош против пандемијата

Концертот One World: Together At Home што го организираше Лејди Гага ги собра најрелевантните и најголемите ѕвезди во светот на музиката и шоубизнисот.

Глобалниот настан на кој ѕвездите се приклучија од нивните домови во изолација почна во 20 часот во саботата вечерта и траеше до 2 часот утрото.

Преносот го водеа комичарите Џими Фалон, Џими Кимел и Стивен Колбер, а можеше да се следи бесплатно на Facebook, Instagram, YouTube…

Меѓу ѕвездите кои настапија, покрај Лејди Гага, беа Аланис Морисет, Андреа Бочели, Били Ајлиш, Били Џо Армстронг од „Грин деј“, Крис Мартин, Еди Ведер, Елтон Џон, Џеси Џеј, Џон Леџенд, Кит Урбан, Лизо, Пол Макартни, Стиви Вондер…

Гага го организираше концертот во соработка со СЗО и организацијата Global Citizen и собра 35 милиони долари преку донации за помош против пандемијата на COVID-19.

Целиот концерт, заедно со пораките на здравствени работници и познати личности од целиот свет, може да го погледнете овде:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e