(ВИДЕО) Јелена Розга ја промовираше новата песна „Остани“

Хрватската поп кралица, единствената Јелена Розга вчера ја промовираше новата песна и видеото за неа насловена: „Остани“.

Со oва атрактивната сплиќанка воедно и ја промовираше новата соработка со нејзината колешка Емина Јаховиќ и нашиот композитор, аранжер и музички продуцент Дарко Димитров.

Имено, токму Емина Јаховиќ ги потпишува музиката и стиховите на новиот хит во најава на Розга, додека аранжманот за ова ново парче на сексапилната Хрватица го направил токму Дарко Димитров.

Розга со нив двајца има во план и други проекти,  што беше најавено при нејзините последни настапи во Македонија во август годинава (Прилеп, Валандово, Македонска Каменица), кога  менаџментот на Розга оствари контакт средба токму со Димитров на кој беа разгледани деталите и плановите за идната соработка.

Инаку, темата „Остани“ покрај стандардно добрата вокална изведба на Розга, е со модерен аранжман, соодветен избор на бои и звуци кои го следатсветкиот музички тренд и продукција која го поддржува ритамот и песната ја прави слушлива и хитовски заразна за помладите генерации.

Едноставното но мошне ефектно видео е во продукција на  Darstu productions & Gentilini film, а режијата ја потпишува Дарио Радусин. Во него Розга уште еднаш го потенцира сиот свој телесен раскош, играјќи на картата на природната убавина и изразениот сексапил со кои русокосата хрватска поп дива вешто кокетира со публиката.

Ако на ова му се придодадат и кадрите во кои пејачката ги презентира и своите балетски движења и чекори кои како оставштина ги носи од младоста, јасно е дека Розга е на добар пат да оствари уште еден полн погодок кај своите обожаватели, но и кај поширокиот публикум.

Како изгледа сето тоа спакувано во новата песна и видео на Јелена Розга, проследете во продолжение:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e