(ВИДЕО) Џенифер Лопез откри зошто ги избриша сите објави од Инстаграм

Џенифер Лопез неодамна ги шокираше своите фанови со тоа што ги избриша сите објави на својот Инстаграм профил и ја замени профилната слика со црна фотографија на сите социјални мрежи, а сега е откриена и причината за нејзиниот необичен потег.

Лопез ги изгасна профилите на социјалните мрежи на 24 часа за да ја објави својата голема вест, а тоа е објавувањето на албумот „This Is Me… Now“, кој доаѓа 20 години по излегувањето на албумот „This Is Me…Then“.

Во краткото видео, Лопез ја рекреирала насловната фотографија од албумот од 2002 година, а потоа се трансформирала во нејзиниот сегашен лик, пишувајќи под објавата: „Ова сум јас некогаш, а ова сум јас сега“.

Новиот албум, Џеј Ло го опишува како „хроника на едно емотивно, духовно и психолошко патување во последните две децении“. За потсетување, оригиналниот албум беше посветен на нејзиното тогашно момче, Бен Афлек, со кого денес е во брак.

На албумот се наоѓаат 13 песни, вклучително и некои кои алудираат на нејзиниот однос со Афлек, како што е „Dear Ben pt. II“ и „Midnight Trip To Vegas“ која е очигледна асоцијација на нивната прва венчавка.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e