(ВИДЕО) Адел проговори за менталното здравје: „Посетував пет терапии дневно“

Адел на својот последен концерт во Лас Вегас ја отвори душата пред обожавателите и проговори за своето ментално здравје.

Пејачката открила дека повторно разговара со терапевт, за првпат по разводот од поранешниот сопруг Сајмон Конецки во 2019 година.

„Повторно посетувам терапија бидејќи неколку години не го правев тоа. Морав да почнам. Претходно, кога поминував низ развод, посетував пет терапии дневно, но престанав да се сметам за одговорна за сопственото однесување и нештата кои би ги кажала“, признала Адел.

„Постои нешто во настапите во живо што ме ужаснува“

Британската музичка дива им открила на фановите дека терапијата ѝ е потребна за да може да го даде најдоброто од себе на претстојните настапи и додала дека има намера да работи на себе секоја недела.

„Мојата терапија оваа недела беше навистина интересна, беше токму за овие мои концерти. Секогаш станувам многу емотивна. Обожувам да создавам музика, но постои нешто во настапувањето во живо што навистина ме ужаснува и ме исполнува со страв“, била искрена Адел.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e