Убиецот на девојката на Ештон Качер осуден на смрт

Американецот со италијанско потекло Мајкл Гарџуло , осуден е на смртна казна откако е прогласен за виновен за две убиства и еден обид за убиство. Меѓу убиените е и Ешли Ајлерин, поранешната девојка на популарниот актер Ештон Качер, која во тоа време, 2001 година, имала 22 години и студирала моден дизајн.

Вечерта требало заедно со Качер да одат на забава по доделување на Греми наградите, но кога Ештон дошол во станот кај нејзе и таа не му отворила врата, претпоставил дека му е налутена бидејќи доцни. Сепак на заминување погледнал низ прозорецот и на подот забележал темни дамки за кои претпоставил дека се од вино. Сето ова актерот го раскажа во текот на сведочењето.
Следното утро ја дознал страшната вест за убиството на девојката која 47 пати била избодена со нож кај градите, стомакот и вратот.
Судбината на Гарџуло, кој работел како сервисер за клими, ја запечати сведочењето на последната жртва Мишел Марфи, која успеала да се извлече и да му побегне во 2008 година при обид да ја убие.
Останати негови жртви се 32 годишната Марија Бруно, која во 2005 година живеела во иста зграда со него и била мајка на две деца, како и сестрата на негов пријател која ја убил во 1993 година кога тој имал 17 години.
Убиецот пред убиството ги следел девојките, кои секогаш живееле во негова близина, а потоа ги напаѓал со нож.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e