Трагично почина светски познатата шахистка и поранешен модел

Ариана Каоили, шаховска велемајсторка и поранешен модел, починала на 33-годишна возраст, во сообраќајна несреќа која се случила пред два дена.

Нејзината смрт на Твитер ја потврди нејзиниот сопруг, Левон Арониан, кој моментално е 7-ми шахист во светот.

„Немам зборови со кои би ја изразил тагата за смртта на мојата сопруга. Беше паметна, вредна и среќна личност која уживаше во животот. Те сакам, спиј мирно“, напишал на Твитер.

Сочувство изразиле и шаховските велемајстори Магнус Карлсен и Гари Каспаров и ерменскиот премиер Никол Пашиниан.

Ариана се занимавала и со моделинг, а додека живеела во Австралија, за која настапувала од 2004-та до 2012-та година, учествувала и во австралиската верзија „Танц со ѕвездите“. Зборувала неколку јазици и се занимавала со хуманитарни активности.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e