„Татко ми и јас ја делевме дрогата“ – Холивудската глумица призна за зависноста

Неодамна холивудската актерка Џејми Ли Кертис позираше за новото издание на британскиот Vogue и привлече големо внимание.

Дали витамините и минералите се доволни за зајакнување на имунитетот во сезоната на зголемени инфекции?Дали витамините и минералите се доволни за зајакнување на имунитетот во сезоната на зголемени инфекции?

Linker
Актерката блесна на фотографиите во елегантен црн фустан, а не доби ништо освен пофалби од обожавателите ширум светот. Инаку, Џејми ја освои публиката со низа улоги, особено оние во комедите „A Fish Called Wanda” и „Trading Places“, а покрај секогаш неверојатните актерски способности и кратката коса, нејзин заштитен знак беше совршената фигура.

Како и многу лица од Холивуд, и таа долги години била зависна од лекови против болки, од кои станала зависна по неуспешната естетска процедура – отстранување на подочниците.

За него се одлучила откако камерманот на снимањето на филмот „Perfect“ ѝ рекол дека не може така да ја снима и „да престане да јаде сол“.

– Се чувствував ужасно и затоа отидов на естетска операција. Кога тоа не функционираше, ми беше уште полошо – изјавила актерката, која потоа почнала да зема опијати, а консумирала и премногу алкохол.

– Бев зависник во два наврати – првиот пат од болка, вториот од срам затоа што бев зависник – признала еднаш актерката.

– Знаев дека тато има проблеми, а имав и јас, па се дрогиравме. Имаше време кога јас бев единственото дете што сакаше да разговара со него. Имав шест браќа и сестри, сега имам пет – брат ми Николас почина од предозирање со хероин кога имаше само 23 години – изјавила актерката.

Кога запаѓала во кризи, крадела лекови од нејзината постара сестра и помалиот брат, а ни неговата смрт не ја отрезнила. Меѓутоа, неколку децении подоцна, таа сфатила колку е деструктивна за себе и за своето семејство и во 1999 година се излечила.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e