Тамара прогласена за најдобар интернационален артист на престижниот музички фестивал „Кенга Меџик“ во Тирана

Тамара Тодевска со песната „Monsters“ вчера беше прогласена за најдобар интернационален артист на престижниот музички фестивал „Кенга Меџик“ во Тирана, Албанија.

„Monsters“ е авторско дело на Роберт Билбилов, Дарко Димитров и Лазар Цветковски, со текст на Коста Петров.

„Пресреќна сум. Оваа награда ја посветувам на моето семејство и на Македонија“, изјави Тамара при земањето на наградата која и беше врачена од овогодинешната претставничка на Евровизија за Албанија.

Во моментов Тамара го привршува нејзиниот трет студиски албум а до крајот на годината ќе биде промовиран и видео записот за „Monsters“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e