Гледајќи ги профилите на социјалните мрежи на познатите на Балканот, можеме да забележиме дека хрватската пејачка Северина тргна по стапките на нашата најпозната водителка Лила Филиповска.
Имено, веќе неколку дена гледаме прекрасни и духовити фотографии и видеа од Јордан, каде што нашата Лила е на туристичка тура со неколку пријателки.
На иста локација вчера пристигнала и Северина. Па гордо објави неколку фотографии од Јордан на својот инстаграм-профил.
И таа влезе во светите води во кои е крстен Исус Христос од страна на Јован Крстител. Покрај ова искуство, сподели дека ѝ е во план да ги прошета и види сите убавини кои ова прекрасно и божествено место ги нуди.