Што се случило? Тејлор Свифт има забрана за пеење на своите песни

Настапот на Тејлор Свифт на Американските музички награди е доведен во прашање поради забраната да ги пее песните кои самата ги напишала. Исто, неизвесен е и документарецот за нејзиниот живот.

Но, што точно се случило?

Во јуни пејачката открила дека менаџерот Скот Борчета му ги продал на Скутер Браун, другиот менаџер, правата за музиката која ја изведуваше на почетокот на кариерата, нагласувајќи дека никој за тоа не ја известил.

Поради тоа, го тужела Браун за манипулација, тврдејќи дека тој се обидува да го уништи нејзиното музичко наследство. Тој не се огласил на обвинувањата. Подоцна, Свифт изјави дека планира да ги сними одново првите шест албуми, за да има авторски права над новите верзии на песните.

На АМА таа ќе ја добие наградата за најдобра пејачка во изминатата деценија, со план да испее сплет на песните. Но, сега ѝ е забрането изведување на старите песни. Борчета ѝ рекол дека користењето на старите песни ќе биде дозволено само доколку не објави нови верзии и престане да зборува за него и Браун во јавноста.

Од своите обожаватели побарала поддршка, а на Твитер веднаш стана тренд со хаштаговите #IStandWithTaylor и #FreeTaylor.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e