Северина осудена за психичко насилство врз поранешниот сопруг

Судот во Загреб ја прогласи за виновна пејачката Северина Којиќ, поради нејзините закани упатени кон поранешниот сопруг Милан Поповиќ, кој е и татко на нејзиниот син.

Поповќ како доказ ги приложил мејловите во кои Северина го понижува, го навредува и го нарекува со погрдни имиња, но и му се заканува како би го повредила, што на судот му беше доволно да донесе пресуда во негова корист.

Според извори на хрватските медиуми, пејачката го споредила поранешниот сопруг со Хитлер и му напишала дека се надева дека ќе го силуваат во затвор.

Поради ова, таа треба да му плати 3.000 куни на Поповиќ, кои ако не ги исплати во рок од 30 дена, судот присилно ќе ѝ ги наплати.

Во мејловите кон него, Северина го нарекувала таткото на својот син злобен, глупав, опседнат, психопат и го споредила со амеба. Ова било доволно за тој да поднесе кривична пријава против неа и да го „тера“ случајот до крај.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e