Семејна крштевка за Кардашијан- Вест семејството

Ким Кардашијан Вест нема да го заборави искуството кое го имаше во Ерменија заедно со семејството. Таа сподели фотографии од нејзе и ќерка ѝ Норт (6) како стојат во катедралата пред олтарот, додека чекаат да бидт крстени.

Ким е облечена во долг тесен фустан во „сирена стил“ додека Норт е во дводелен бел комплет искомбиниран со масивно ланче од сјајни монистри.
„Ерменија ти благодарам за гостопримството за моето семејство и мене, ова беше незаборавно патување. Се чувствувам благословено што имав можност да бидам крстена заедно со моите деца во најубавата катедрала, која некогаш ја нарекуваат Ватикан на Ерменската апостолска црква.“ – напиша Ким.
И додека не е јасно дали Норт – која претходно, на 22 месеца, беше крстена во Ерусалим- повторно учествуваше во церемонијата крштевање, потврдено е дека трите најмали деца на Ким и Кање Вест беа крстени во понеделникот.
На крштевката Ким беше придружена од сестра ѝ Кортни и нејзините три деца. Кање беше отсутен од настанот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e