Секс скандалот на ПРИНЦОТ: Се појави уште една ЖРТВА

Откако Вирџинија Робертс јавно раскажала дека била присилена да има сексуален однос со принцот Ендрју, сега се појави уште една жена која тврди дека и таа била жртва, пишува Metro. Таа за разлика од Вирџинија, сакала да остане анонимна.

Наводно, жената е во контакт со адвокатите кои ги застапуваат и останатите жртви на Џефри Епштајн. Моментално нејзиниот исказ се чува во тајност и се разгледува дали ќе биде вклучен во тужбата.

Вирџинија Робертс, во емотивното интервју за BBC раскажа се, поврзано со односот со принцот. Нагласила дека повеќе пати спиела со него и дека тогаш имала 17 години.

– Ми беше лошо. Тоа не го очекував од некој од кралското семејство. Не го очекував од него, кого луѓето го следат и му се восхитуваат како член на кралското семејство – рекла Вирџинија.

Та додала дека принцот бил незгоден кон неа, а по сексот и се заблагодарил и си отишол од собата.

– Седев на креветот ужасната и посрамена. Се чувствував гнасно, морав веднаш да станам и да се туширам. Следниот ден Максвел ми рече дека направив добра работа и ме усреќи – додала Вирџинија.

Принцот Ендрју рекол дека нејзините зборови се невистинити.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e