Само тој го може ова: Кијану Ривс на колена пред фановите!

Добро познат факт е дека Кијану Ривс е еден од најљубезните холивудски актери.

Освен што знае да позира со обожавателите, тој е познат и по своето големо срце и понизност, што уште еднаш го докажа.

Актерот неодамна се појави на панелот Comic Con Experience (CCE) каде го промовираше новото продолжение на Џон Вик, а неговото доаѓање предизвика бурни овации кај публиката. Кијану беше видно трогнат од реакцијата на фановите и клекна да ѝ се поклони на публиката, а видеото стана вирално на социјалните мрежи.

Во еден момент се слуша како една обожавателка му вика на актерот дека го сака, а Киану подоцна во интервју за Estadão изјави дека реакцијата на публиката е неверојатна и „многу посебна“.

„Луѓето овде се многу љубезни и дарежливи. Навистина е кул што го сакаат Џон Вик. Навистина го ценам тоа. CCE е неверојатен, беше подобро отколку што можев да замислам“.

Покрај тоа што повторно ги воодушеви фановите, актерот за време на гостувањето откри кој филм му бил најтежок за снимање. Новото продолжение на Џон Вик ќе пристигне во март следната година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e