Рејчел Фентон е позитивна на коронавирус – еве кои се првите симптоми што ги почувствувала пред да ја открие болеста

Во моментов е во самоизолација, каде ќе биде додека не оздрави, но вели дека не е толку страшно!

Медицинската сестра Рејчел Фентон, ѕвездата од познатото реално шоу „Љубовен остров“, сподели со своите придружници дека се тестирала и дека е позитивна на вирусот корона, откако го изгубила чувството за мирис.

Рејчел, инаку специјалист во одделот за клиничка ортопедија, има 27 години и во моментов е во самоизолација, каде ќе биде до целосно оздравување од болеста.

Познатата ријалити ѕвездата наведе дека има два симптома на вирусот корона – висока температура и постојана кашлица која не престанува. Таа исто така истакна дека и покрај тестот што покажал дека е инфицирана од новиот корона вирус Ковид-19, не се чувствувала болна и додаде:

„Не се чувствував лошо, се чувствував добро. Можеби тоа не беше баш 100 отсто така, но далеку од тоа дека ми беше лошо. Јас сè уште јадам и имам апетит. Морам да признаам дека моите симптоми се навистина благи.


Рејчел истакна дека луѓето мора да бидат изолирани ако забележат дека почнуваат да го губат чувството за мирис и вкус. „Јас не се враќам на работа сè додека не направам повторно тестирање и додека не бидам негативна. Не сум сигурен кога ќе биде тоа. Засега, јас сум во изолација и се грижам за себе. Не е толку страшно“ – истакна таа, a пренесе порталот „Глоси“ на „Еспресо.рс“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e