Раперот Дрејк е во врска со 17 години помладата ѕвезда?

Ѕвездата на серијата „Stranger things“ Мили Боби Браун ја шокираше публика со одговорот на прашањето во каква врска е со 31 годишниот рапер Дрејк.

drejk-2-573x700

На Мили неодамна и беше поставено прашање за нејзиниот однос со раперот Дрејк, а одговорот ги шокираше сите медиуми. 14 годишната ѕвезда пред цел Холивуд изјави: „Го сакам“.

Говорејќи за нивното пријателство, младата актерка кажала:

-Го запознав во Австралија и искрено е фантастичен, одличен пријател и одличен пример. Пред некој ден едноставно заклучивме дека си недостасуваме еден на друг. Ми прати порака: „Толку ми недостасуваш“, а јас него му вратив: „Ти мене уште повеќе“.

Таа исто така кажала дека ќе го види Дрејк кога ќе доаѓа на турнејата во Атланта во ноември оваа година. Таа отворено и возбудено зборувала за пејачот и очигледно Мили не гледа ништо чудно во тоа да разменува пораки со човек кој е двојно постар од неа.

После овие изјави на малолетната 14 годишна актерка, „експлодираше“ Твитер заедницата. Поголемиот дел од луѓето сметаат дека односот на младата актерка и раперот е „вознемирувачки“ и „морничав“. Во бројните коментари однесувањето на Дрејк е прогласено за предаторско, а едно лице дури и предложи раперот да биде „заклучен“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e