Прекрасно место: Тука ќе чекаат Нова година Меган и Хари (ФОТО)

Меган и Хари божикните и новогодишните празници нема да ги поминат во Бакингемската палата заедно со целото семејство, а поради тоа кралицата Елизабета беше лута и не постави нивна фотографија за време на испраќањето на традиционалната честитка кон целиот свет.

Принцот Хари, како што веќе е познато, е доста далеку во низата за наследување на тронот, односно пред него се принцот Чарлс, брат му Вилијам и внуците Џорџ, Шарлот и Луи. Најверојатно поради малата веројатност еден ден да стане крал, тој не води особена грижа за кралските традиции и со своето семејство живее далеку послободен живот од оној на неговиот брат.

Тие празниците ќе ги поминат далеку од очите на јавноста, со нивниот син Арчи. Но, британските таблоиди наводно откриле дека одат во Ванкувер и ќе престојуваат во вила која изгледа како да е место од најубавите бајки.

Дали ваквите постапки му се допаѓаат на кралското семејство? Сигурно не им е драго, но ништо не го менува фактот дека Хари не мора напорно да работи на својот имиџ како иден крал и затоа се чувствува послободен во тоа да ги крши кралските правила, а неговата сопруга да му е вистински соучесник.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e