Познати личности кои имале проблеми со депресијата

Депресијата не е новоизмислена болест, но во минатото, за жал, била опкружена со предрасуди, стигма и срам од сопствената состојба.

Но, како што мине времето, така сè повеќе луѓето се свесни дека менталното здравје не треба да е табу-тема. Во тоа ги охрабруваат и познатите личности кои веќе отворено зборуваат за својата состојба.

Ова се само неколку од нив:

Селена Гомез

Кај нејзе депресијата се појавила како последица на лупусот. Ситуацијата ја влошила и трансплантацијата на бубрег, а процесот на закрепнување ѝ создавал анксиозност. Таа веднаш зборуваше отворено за својата состојба и признава дека иако сега е добро, додека се лечела ѝ било сериозно тешко.

Бијонсе

Бијонсе страдала од постојано чувство на вина, хроничен замор, немала време за себе, а често, во текот на турнеите не знаела ниту во кој град се наоѓа, а концертите ги одржувала механички. Мајка ѝ прва забележала дека нешто се случува со пејачката, па ја советувала да побара помош.

Адел

И покрај беспрекорниот глас и успешната кариера, во приватниот живот Адел често имала панични напади, а во даден момент тоа ја довело до хистерија и паника. Одреден период редовно разговарала со психолог, секој ден, па го надминала стравот од јавни настапи.

Бритни Спирс

„Кршењето“ на Бритни се случуваше пред очите на целата јавност. Таа признава дека била под огромен притисок уште од детството, бидејќи од неа се очекувало да биде ѕвезда. Токму тој притисок ѝ донесе сериозни ментални нарушувања.

Лејди Гага

Депресијата кај популарната пејачка е предизвикана од постојаните болки кои ги има поради фибромијалгијата, но и поради нападите на паника. Музиката за нејзе е светлото на крајот од темниот тунел во кој долго време се наоѓала.

Криси Тајген

И со двете деца страдала од постпородилна депресија. Вториот пат веќе знаела што ѝ се случува, додека првиот пат минела низ вистински пекол и морала да пие антидепресиви.

Кејти Пери

Таа се чувствувала многу лошо по неуспехот на нејзиниот албум „Witness“, а проблемот го решила така што своето незадоволство и разочарување ги споделила со психијатар, кој ѝ помогнал да се извлече од кризата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ