Поранешен припадник на Пинк Пантер: Само ние смеевме да ја ограбиме Ким

Според зборовите на П.С, инаку Србин, Пинк Пантерите се “крадци џентлмени” и не ги повредуваат своите жртви, а токму тоа е причината што мисли дека токму тие ја ограбиле Ким Кардашијан, бидејќи се “експерти за такви работи”.

Поради шокот кој го доживеала во Париз, Ким Кардашијан се повлекла од јавниот живот, а по повод грабежот се огласил нивниот поранешен член П.С, кој меѓу другото, нагласил дека старлетата е самата виновна што го изгубила накитот вреден околу 10 милиони долари.

1

“Сите знаат дека Ким Кардашијан е лесна мета. Таа е сама, а околу неа има цела мрежа луѓе кои работат низ Европа, а меѓу нив секако, има и Срби и Хрвати. Само ја чекале. Знаеле кога доаѓа на Модната недела, а целата работа била испланирана од внатре. Таа им помогнала така што објавила сè на социјалните мрежи, па и фотографии со накитот, па точно знаеле што да бараат”, вели тој, па додава:

2

“Пинк Пантерите имаат храброст и тоа го покажуваат цело време. Тие се “крадци џентлмени” и не ги повредуваат своите жртви. Токму поради тоа мислам дека тие ја ограбиле Ким, бидејќи се експерти за такви работи”.

3

Во меѓувреме се појавиле фотографии од наводните крадци, како неколку дена пред грабежот ја сладат Ким во автомобил од марка “Fiat”.

4

5

За поврзани вести продолжете надолу

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e