Британскиот „Мирор“ пред малку ја сподели веста за смртта на Карл Лагерфелд, првично споделена во француските медиуми.
Како се вели во текстот, 85-годишниот дизајнер починал во Париз после неколкунеделна болест. Во дел од медиумите се вели дека тој во понеделникот итно бил пренесен во болница во Париз, каде и ги поминал последните часови.
Инаку, Легерфелд ги пропушти последните две ревии, што поттикна шпекулации за неговата влошена здравствена состојба, но неговиот ПР тогаш се огласи со информацијата дека дизајнерот едноставно се чувствувал изморен.
Извори блиски до дизајнерот ја потврдија веста, а наскоро се очекуваат повеќе информации.