Почесен Оскар за Џеки Чен во Ноември

Ѕвездата на акционите филмови, Џеки Чен, ќе добие награда почесен Оскар, соопшти американската Академија за филм и наука која ја доделува престижната филмска награда.

Чен, “кралот на боречките вештини” во комедиите, се појавува во повеќе од 150 филма уште од почетокот на кариерата, во 60-тите во Хонг Хонг кога глумел уште како дете.

Академијата наведе дека наградата ќе биде доделена на 12 Ноември на свечената вечера на која Оскар ќе добие и режисерот на документарните филмови, Фредерик Вајзмен.

Чен е и продуцент,поп пејач и сценарист. Има снимено околу 20 албума од 1984 година. Освен на кинески ,пее и на три различни јазика надвор од неговиот матичен јазик, англиски, мандарински и јапонски.

 

 

Ознаки: ,

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e