По неверојатниот успех на Евровизија, Тамара спрема дует со претставникот од Шведска

Викендот зад нас беше полн со еуфорија, навивчка атмосфера, емотовен…

Во сабота вечер се одржа 64 издание на Избор на песна на „Евровизија“ на кое по седум години учествуваше и нашата држава.

Тамара Тодевска во финалната вечер со песната „Proud“ покажа и докажа како се пее и не направи сите горди.

Позитивните коментари за нејзиниот настап на Евровизија не престануваат, а ние имаме на што да бидеме горди.

Тијана Дапчевиќ која истакна дека е најгорда сестра во Европа, раскажа дека Тамара воопшто немала тремала пред настапот.

„Нема да верувате, но ми се јави четири минути пред да излезе на сцена. Ние сите кои сме биле на Евровизија знаеме дека во тие минути немате крв во себе. Таа не знае што е трема, таа е човек кој не знае што е трема. Тоа е човек кој е на сцена од својата шеста година. Ми се јави четири минути пред да настапи, јас и реков: „Ти нормална ли си, оди диши, медитирај“, откри Тијана во емисијата „Премијера викенд специјал“.

Таа исто така откри и една ексклузива, односно откри дека Тамара подготвува дует со шведскиот претставник на Евровизија, Џон Лундвик..

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e