Швајцарија протерува 35-годишен Македонец поради поддршка на ИСИС

Швајцарскиот Федерален управен суд ја потврди одлуката за протерување на 35-годишен државјанин на Македонија, поради неговата наводна поврзаност со поддршка на терористичката организација „Исламска држава“.
Според судската одлука, швајцарската Федерална полициска служба (Fedpol) уште во 2022 година наредила негово протерување, откако бил оценет како радикализирано лице. Тој, според наводите, преку социјалните мрежи ширел пропаганда поврзана со идеологијата на ИСИС, а организацијата ја поддржувал и логистички и финансиски.
На Македонецот му е изречена и 20-годишна забрана за влез во Швајцарија и Лихтенштајн.
Мажот во Швајцарија живеел од 2014 година, каде што е во брак и има три деца. Иако судот оцени дека протерувањето сериозно влијае врз неговиот семеен живот, сепак заклучил дека јавната безбедност има поголема тежина.
Одлуката е конечна и не може да се обжали пред Федералниот суд.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e