Откриени детали од тестаментот на Брус Вилис, еве како актерот го распределил богатството

Светот занеме кога беше соопштено дека легендарниот холивудски актер ја напушта кариерата поради тешка болест, а сега се откриени детали од неговиот тестамент за кој се наведува дека бил изменет неколку пати.

Како што наведуваат американските медиуми, неговото богатство е проценето на нетo вредност од 250 милиони долари. Брус Вилис наводно одлучил секоја од неговите ќерки, кои ги доби во бракот со Деми Мур, да добијат „само“ по 1 милион долари. Причината за тоа е што и нивната мајка има добри приходи и можат да се потпрат на истите.

Остатокот од неговото богатство ќе им припадне на децата кои ги доби со сегашната избраничка Ема – 10-годишната Мејбл и на 8-годишната Евелин.

„Тој верува дека Румер, Скаут и Талула во текот на својот живот го добивале најдоброто од она што може финансиски да се понуди. Тестаментот на Брус е всушност изменет пред многу години, откако се ожени со Ема во 2009 година, откако се родија Мејбл и Евелин и подоцна откако беше јасно дека неговото здравје е нарушено“, изјавил извор за „Radar Online“.

Интересно е што сегашната и поранешната избраничка на Вилис, Ема и Деми, се зближиле откако на актерот му беше дијагностицирана афазија, и често го поминуваат времето заедно со цел да му го олеснат животот што е можно повеќе.

Семејството сè уште се надева на чудо, иако болеста на актерот рапидно напредува.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e