Откако го доби старателството, Поповиќ кажа тешки зборови за мајчинството на Северина

Одлуката на судот во Загреб старателството над Александар да го додели на Милан Поповиќ силно ја повреди Северина, но очигледно е дека таткото на детето е задоволен со оваа пресуда.

„Александар ќе продолжи да оди во училиште во Загреб, не кажувам во кое, бидејќи тоа е веќе навлегување во приватноста на малолетно дете“, изјавил тој, на што додал:

„Конечно ќе продолжи да оди во училиште, а не по концерти. Изгубил доста од наставата, па ќе мора да платам дополнителни часови за да надомести за изгубениот материјал.“

Наводно, Поповиќ купил нова куќа во која има соба за Александар, а своите професионални обврски ги организирал така што ќе може повеќе време да поминува со него и другите двајца синови од другиот брак.

„Нема да дозволам дадилки и баби и дедовци да се грижат за син ми, тоа треба да го прават родителите“, изјавил Поповиќ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e