Очајно се обидува по втор пат да стане мајка: Северина оди на вештачко оплодување

Северина и Игор Којиќ повторно ќе се обидат да станат родители, а парот веќе се подготвува да замине за Прага.

Желбата на пејачката по втор пат да стане мајка е толку силна што во тоа не можат да ја пречат ни претходните неуспешни обиди.

Северина и Игор овој пат ќе се обидат со најновиот метод за вештачко оплодување, достапен во Чешка и во уште неколку европски земји.

Според сознанијата на svet.rs, сопружниците добиле препорака од блиски пријатели да контактираат прашка клиника, чиј процент на успешни инвитро-оплодувања изнесува високи 80 проценти.

„Станува збор за болница специјализирана за вештачко оплодување, многу двојки од овие простори успеаа да станат родители и тоа од првпат. Тоа многу ја охрабри Северина, особено кога слушна дека и нејзината пријателка останала бремена и покрај тоа што лекарите и’ соопштиле дека никогаш нема да биде мајка. Тоа подразбира примање инјекции и таблети, кои пејачката ќе може да ги зема и во Загреб, по што се следи состојбата. Кога ќе биде подготвена за процесот, Северина и Игор повторно ќе отпатуваат во Прага, каде што ќе го направат т.н. трансфер. Резултатите ќе бидат познати по неколку дена, кога ќе направи контролен преглед кај својот гинеколог“, раскажа изворот за „Курир.рс“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e