Водителката Нора Шаќири, која сега работи во секторот за односи со јавност во Министерството за култура на социјалните мрежи објави дека стана мајка.
Таа и нејзиниот сопруг Марко денеска станаа за првпат родители. Нора и преку социјалните мрежи му посака добредојде на синот и го откри неговото име – Ијан.
Среќниот татко, пак, со фотографија од неговата сопруга објави дека е горд татко и сопруг.
Последните месеци од бременоста таа ги помина во изолација дома, па во една прилика кажа како се чувствуваше во овие моменти на неизвесност и криза.
„Не се плашам. Сега треба сите да останеме здрави во главата и позитивни, инаку ќе полудиме и ако кивнеме“, изјави Нора. Она што најмногу ја опушта во овие моменти е музиката и времето поминато со сопругорт, музичарот Марко Марковиќ и позитивниот дух кој е нејзино обележје.