НИКОЈ НЕ МОЖЕ ДА ПОВЕРУВА: Северина го пуштила Игор да го земе детето без најава во судот

Бизнисменот Милан Поповиќ добива нов адут во борбата за старателството по последната непромислена постапка на Северина кога е во прашање нивниот син Александар.

Детето требало да го помине Божиќ со мајка му и нејзиниот сопруг, а споре додлуката на хрватскиот суд, него може да го земе само таа. Но, она во кое никој не може да поверува е дека таа, без грижа на совест, му дала дозвола на сопругот Игор Којиќ да го земе детето откај Поповиќ и самиот да го одведе до Хиландер, без тоа да биде најавено во судот.

Наводно, патот до манастирот на Хиландер е лош и небезбеден, а има и долго пешачење. Којиќ нема дозвола да го спроведува детето низ две држави и да го внесе во трета.

Како дошло до овој пропуст, уште никој не открива, но во медиумите се појавија повеќе наводи дека не е првпат Северина да не ја почитува судската одлука и да биде видена во продавница или во кафуле во време кога детето треба да е кај неа, а за него всушност да се грижи некој од роднините.

Веќе многумина од нејзините обожаватели почнале да се сомневаат во нејзиата пожртвуваност и обесправеност во судската одлука за старателството. Дали Северина и нејзиниот сопруг ќе кажат нешто во своја одбрана, останува да почекаме и да видиме.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e