Ќерката на Витни Хјустон почина минатата година, а судот конечно ја изрече својата конечна одлука.
Дваесет-годишната Боби Кристина Браун беше единствената ќерка на починатата ѕвезда и Боби Браун. Според првичните извештаи, нејзиното безживотно тело на крајот на јануари минатата година во када во нејзиниот дом го најде нејзиното момче Ник Гордон.
Гордон сега е прогласен за виновен за нејзината смрт, бидејќи и дал отровен коктел кој ја онесвестил, а потоа се удавила во ладната вода.
Судот се обиде да го сослуша во неколку наврати, но тој не се одзва на повиците, и оваа недела е донесена конечната пресуда во негово отсуство.
Откога е пронајдена во несвест, Боби е одржувана во кома на апарати речиси шест месеци, а потоа семејството ја донесе тешката одлука.
Таа почина на 26 јули 2015 година.
За поврзани вести продолжете надолу