„На светот му треба кукла жива… Тамара Тодевска најави албум и концерт

Тамара Тодевска ги избриша речиси сите објави од својот Instagram профил и остави само една нова објава, потег што веднаш го привлече вниманието на публиката. На нејзиниот официјален профил во моментов е видлива една објава, а во краткиот Reel што го објави стои пораката: „На светот му треба кукла жива… 03.10.2026 година“.

Со овој потег, Тодевска очигледно отвори простор за нова фаза во својата јавна и музичка комуникација.
На својот фејсбук профил откри за што станува збор!

-Со огромно задоволство ве поканувам на мојот голем солистички концерт, на 3 октомври, во арената „Борис Трајковски“ во Скопје, од 20:00 часот.
Во меѓувреме, во текот на мај го издавам и мојот нов албум „Кукла жива“. Ќе слушнете 11 нови песни кои ги напишавме заедно со Коста Петров,
во аранжман на Емин Џијан, а снимени во The Basement Recording Studio.
Очекувајте музика полна со емоции и искрени стихови кои сум ги живеела во еден период од мојот живот и кариера.
Со месеци чекав да дојде денот да го споделам сето ова со вас… знаете колку сум нестрплива
Новиот почеток не е од нула. Туку од тоа што сум денес… Свесна, среќна и подготвена за новата ера, во која заедно ќе имаме уште многу убави моменти.
Ве сакам и ви благодарам за сета поддршка.
Секогаш ваша,
Тамара

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e