Милан Поповиќ со својата страна од приказната: Ваквата пресуда требаше да се донеси порано

Реакциите на јавноста на привремената судска мерка, во која старателството над малиот Александар е доделено на поранешниот партнер на Северина, не стивнуваат.

Откако потврди дека детето нема да се сели од Загрев и дека не се работи за одземање на детето, претприемачот за српските медиуми ја сподели својата страна од приказната, а меѓу останатото, одговори и на прашањето дали ја смета Северина за добра мајка.

– Не можам да одговорам на ова прашање, но факт е дека во последно време се случија некои работи кои мајка не смее да си ги дозволи. Овде не се работи за одземање на детето од мајката, како што ПР тимот на Северина упорно се обидува да го претстави во медиумите. Детето во иднина едноставо повеќе време ќе поминува кај мене, а помалку кај мајката – изјавил Милан за српски Курир.

Тој додал дека смета дека ваквата пресуда требало да биде донесена порано.

– Оваа пресуда требаше одамна да биде донесена. Постапката се одложи поради тоа што Северина не доаѓаше на рочиштата и тактиките за одолговлекување на нејзиниот тим адвокати. Задоволен или незадоволен, во овој момент тоа не е важно. Важно е дека ваквата пресуда е најдобра за нашето дете – тврди Милан.

Милан уште еднаш истакнал дека синот ќе може да ја гледа мајката кога ќе посака.

– Како што знаете, јас активно се залагам за заедничко рамноправно родителство и намерата ми е такво и да остане. Секако дека прво ќе предложам детето да биде со Северина доколку јас бидам спречен и дека максимално ќе ги вклучам сите прашања кои се однесуваат на детето, доколку таа сака – рекол тој.

На прашањето како му објаснил на синот дека ќе живее со него, тој рекол дека не може да зборува за деталите кои се однесуваат на детето, но истакна дека смета дека и тој и Северина имаат еднакви права.

– Нашите права секогаш се и ќе бидат еднакви, се надевам дека и Северина наскоро ќе може да го сфати тоа и дека ќе можеме конечно, да му пружиме мирно детство на нашиот син – заклучил Поповиќ.

Северина, по оваа пресуда, доби голема поддршка од јавноста. Нејзиниот адвокат најавил жалба.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e