Марија Шерифовиќ и Северина ги откажаа концертите: Следните денови во тишина

Марија Шерифовиќ требаше да настапи во сабота на 6 мај во Аквапаркот во Велика, Хрватска. По оваа трагедија таа го откажа концертот и се огласи на Инстаграм.

„Драги пријатели, длабоко сум трогната од трагедијата што се случи во училиштето „Владислав Рибникар“. Решив да го откажам концертот што требаше да се одржи викендов во Аквапаркот. Мислам дека следните неколку дена треба да ги поминеме во тишина и молејќи се за жртвите“, напиша Марија. Наскоро ќе биде објавен и новиот датум на концертот во Велика.

„Моето најискрено сочувство и солидарност во болката за семејствата на загинатите деца и училишните работници“, додаде таа.

Да потсетиме, и хрватската пејачка Северина Вучковиќ го откажа концертот што планираше да го одржи деновиве во Белград.

„Кога ќе се случи неопислива трагедија, кога возрасните остануваат без зборови, кога владее тажна тишина, песната мора да престане и сите ние да им оддадеме почит на невините жртви. Единственото соодветно нешто во овој момент е да се одложи секој концерт, вклучително и мојот, што требаше да се одржи во хотелот The Babe во Белград. Искрено сочувство до сите што изгубија некого денес“, напиша Северина во објавата на Инстаграм.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e