Маленко се разведува по четврти пат

Македонскиот поранешен пливач Александар Маленко се разведе и од четвртата жена, сопругата Фани, јавува Репортер.мк.

Како што велат, Маленко денес во утринска емисија на ТВ открил дека тие некое време не живееле заедно.

На Маленко ова му беше четвртиот брак, а тој има вкупно 5 деца со сите 4 жени.

Два сина со последната сопруга Фани, еден син од бракот со актерката Јелена Жугиќ, еден син со Русинката Татјана Михалова Фјодорова и една ќерка од бракот со водителката Сузана Турунџиева.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e