Мадона поместила концерт, но заработила и тужба

Обожавател на Мадона од Флорида поднел тужба против кралицата на поп-музиката, бидејќи концертот во Мајами бил поместен два часа, за таа да одмори.

Човекот по име Нејт купил три билети со вкупна вредност од 1025 долари, за настапот на 17 декември, кој бил закажан за 20:30 часот. Откако веќе платил, по неколку дена добил соопштение дека концертот е поместен два часа подоцна.

Инаку, воопшто не е тајна дека Мадона доцни и по неколку часа на своите настапи. Нејт смета дека 22:30 часот е предоцна, бидејќи наредниот ден треба да работи и учи. Тој се обидел да ги врати билетите, но организаторот одбил да му ги рефундира средствата.

Билетите ги препродал преку интернет-мрежата Тикетмастер, но за помала цена од онаа за која ги купил.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ