Луна Ѓогани се обидела да се самоубие, се напила повеќе лекови од дозволеното

Од влегувањето на Анабела Атијас во реалното шоу „Задруга 3“, Луна Ѓогани поминува низ агонија која не може да ја издржи.

Имено, Анабела пред целиот аудиториум ги откри сите тајни на семејството Ѓогани.

Добро известен извор за српски „Свет“ вели дека Луна за да се смири испила повеќе лекови, а тоа можело да ја чини живот.

„Луна не можеше повеќе да го издржи притисокот. Разговараше со продукцијата да го напушти реалното шоу, но тие ја убедија да  остане и да се бори до крај. Таа нема каде да бега. Нејзините родители, како и нејзиното момче секојдневно изнесуваат гнасни детали како од нејзиниот, така и нивните животи, а таа само слуша и не може да ги спречи. Ги гледа луѓето кои ги сака како се поливаат со вода, се удираат со чаши и боксови. Не сака да го остави Марко бидејќи многу го сака, но не сака да биде и против мајка и. Многу е тешко да се држи баланс меѓу двајца кои се мразат. На сето тоа секојдневно се караат и нејзините родители. И сама кажа дека не е среќна поради односот на нејзините родители“,  вели добро известен извор.

„Нејзините психички проблеми датираат од детството. Имаше сериозни трауми. Таа влезе во „Задруга“ за да ја спаси својата врска, а доживеа животот да и се распаѓа пред милион гледачи. Не е доволна силна да го издржи тој терет. По првата „Задруга“, се и сешто и паѓаше на памет, но за среќа оздравњ. По жестоката кавга со Анабела и Марко таа испи многу лекови поради кои и беше многу лошо,  можеше кобно да заврши. Секако, за тоа на никој не знае бидејќи се плаши од Анабела, Марко и Гаги. Постојано мора да одбере некоја страна, таа ги моли да престанат, а никој не ја слуша. Тоа многу лошо влијае на слаби личности како неа“,  додава изворот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e