Љубовна приказна со среќен крај: По 18 години пауза повторно заедно

Џенифер Лопез и Бен Афлек се венчаа во август, а популарната пејачка сега се отвори и откри како се чувствувала по раскинувањето во 2004 година.

Легендарната пејачка неодамна го претстави својот нов албум „Ова сум јас.. Сега“, а говорејќи за една радио станица таа изјавила дека раскинувањето со Бен пред 18 години и` било најголема љубовна пауза во животот.

„Кога ја откажавме свадбата, ми го скрши срцето. Се чувствував дека ќе умрам“, рекла Џенифер и додала:„Сето тоа ме скрши, следните 18 години не можев ништо да исправам. Но, сега, по 20 години, има среќен крај, кој никогаш не би се случил во Холивуд“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e