Лејди Гага навистина знае да се забавува, особено кога е на веселба на своја блиска личност.
Нејзината добра другарка овој викенд правела свадба, а ѕвезда на вечерта не била невестата, туку популарната пејачка, која видно пијана, го украла шоуто.
Таа испила некоја чашка повеќе, потоа се качувала на маса, танцувала со невестата, а неколкупати ѝ го поткренала и фустанот на својата другарка.
Целото ова Лејди Гага го објави на инста-стори. Секако, никој не бил зачуден од ваквото однесување на пејачката, која е позната по ваквите испади, особено ако има испиено повеќе.