Кое е најскапото парче облека што Меган Маркл го купи изминатата година?

Во 2019 година Меган Маркл само на нова облека потрошила 250 илјади евра. Во 2018 нејзините трошоци за облека биле поголеми 6 пати од оние на Кејт Мидлтон.

Она што е интересно е што половина од парите ги потрошила на само едно парче облека. Се работи за свилен фустан во боја на слонова коска, кој го носела за време на посетата на британската амбасада во Мароко. Тој чини околу 110.000 евра.

Војвотката Кејт важи за многу поскромна, но и за поголема стилска икона од нејзината светски позната јатрва.

Како овие трошоци ќе ги оправда пред кралицата и дали и во следната година ќе има висок дозволен буџет за облека, останува да се види, со оглед на тоа што кралицата Елизабета веќе подолго време е во своевиден конфликт со војводата и војвотката од Сасекс, поради нивното грубо прекршување на кралските правила и протоколи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e