Ќерката на Елвис Присли итно била пренесена во болница

Лиза Мари Присли, ќерката на легендарниот музичар Елвис Присли, итно е пренесена во болница, пишува TMZ.

Таа, наводно, била хоспитализирана поради можен срцев удар, а извори рекле дека болничарите во четвртокот се обиделе да ја реанимираат во нејзиниот дом во Калабасас.

Успеале да и го вратат пулсот, а потоа ја пренеле во болница. Засега не се знае во каква состојба е Лиза во моментов.

Во вторникот, Лиза присуствуваше на доделувањето на наградите „Златен глобус“ со нејзината мајка, каде што го поддржаа актерот Остин Батлер, кој доби награда за неговиот лик на Елвис Присли во филмот „Елвис“.

Ќерката на Елвис е пејачка и текстописец, а во 2020 година преживеа голема трагедија кога нејзиниот син Бенџамин Кио се самоуби на многу брутален начин.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e